Прекрасно мeсто кое навистина ги надмина нашите очекувања! Сè беше беспрекорно чисто, уредно и пријатно, а атмосферата топла и домашна. Собата беше удобна и одлично одржувана. Посебно мора да го пофалиме појадокот – фантастичен! Свеж, разновиден, вкусен и подготвен со многу внимание. Еден од најдобрите појадоци што сме ги имале во хотел. Персоналот е исклучително љубезен, гостопримлив и секогаш подготвен да помогне. Се гледа дека навистина се грижат гостите да се чувствуваат убаво. Одлично искуство од почеток до крај. Со задоволство би се вратиле повторно и топло го препорачуваме на секого. Чиста 10/10!
Spasovska-nikolovskaМесяц назад